изврши (гл.) - увид (имн.)

На увидот и на реконструкцијата може да се повика вештак ако неговото присуство би било од полза за давање наод или мислење (чл. 235, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По некој ден од судот дојде градежен техничар, како вешто лице, и судски записничар. Извршија увид и направија записник.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Што се однесува до постапката при известување за смртен случај, колективна повреда и потешка повреда на работа, како и за недостатоци во примената на прописите за заштита при работа кои ја загрозуваат или би можеле да ја загрозат безбедноста на работниците при работа, одредбите останаа непроменети, односно, инспекторот е должен веднаш да изврши увид на лице место заради преземање на соодветни мерки (чл. 22, ЗИТ/85 и чл. 21, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Странките и оштетениот ќе се известат секогаш, кога и на кое место ќе се испита сведокот, односно ќе се изврши увидот или реконструкцијата со задолжително присуство на странките на тие дејствија (чл. 390, ст.3 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)