изврши (гл.) - исплата (имн.)

Исто така, се предвидува и глоба во износ од 3.000 до 3.500 евра во денарска противвредност да му се изрече на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите за сторен прекршок, доколку изврши исплата на плата, дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок, а не пресмета и уплати придонеси во пропишаниот рок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Предвидено е корисниците на Буџетот на Република Македонија и јавните здравствени установи правото на нето платите за месец јуни 2002 година да го утврдуваат до висината на правото утврдено за последниот месец за кој извршиле исплата согласно со овој закон и зголемено до нивото на обезбедените средства од Буџетот на РМ, односно од Фондот за здравствено осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, нето платите за месец јули 2001 година работодавецот и натаму ги исплатува до висината на правото што го утврдил за последниот месец за кој извршил исплата согласно со овој закон во рамките на обезбедените средства и зголемено најмногу до 50% од остварената стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец, со определени исклучоци предвидени во законот (чл. 2-4, ЗИДЗИПРМ/01).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)