изврши (гл.) - влијание (имн.)

Исто како што може да се покаже дека темите на недостижноста и сексуалната фрустрација биле пресудни за концепцијата и создавањето на “Етан доне..” -елементи за кои знаеме дека се одраз на приватниот живот на уметникот - не е ли исто така можно сознанието дека постоењето на ова дете извршило влијание врз почетните идеи за темата и изгледот на “Големото стакло”, кое покрај другото е започнато во 1912 година, една година по раѓањето на ова девојче?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, јас не знам дали успеав да ве уверам дека Едгар Морен со своето дело Видал и своите, извршил влијание врз пишувањето на мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Други пак, напротив, може да гледаат на работита сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На Климент Камилски, добар познавач на францускиот и на италијанскиот, просто не му се веруваше дека овие јазици извршиле влијание врз османскотурскиот лексички фонд на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гого и жена му под око се погледнаа, речиси напоречки, сомневајќи се еден во друг дека секој од нив извршил влијание или притисок врз изборот на своите миленици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Римјаните извршиле влијание и во преторијанските гарди на другите империи, како кај руските стрелици и египетските мамелуци, на пример.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)