извиши (гл.) - над (предл.)

Во меѓувреме, додека тие пристигнат, и Лазор станува; извишен над сите и преку сите и сиот растреперен гледа право во имотските луѓе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Цел живот ги шетав своите соништа и низ времето и низ просторот, им зборував, им подвикнував, им потпевнував како на најблиски и стоејќи простум и извишен над нив јас секогаш се чувствував и исправен и горд...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Дојдете вие плеќести црни мажи деца и неба и времиња -по коритото на оваа река да потече и вашата судбина на местото на овој мост извишен над вашето небидие да си прочитате: векувајте со мене!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се крена на небото, вели, се извиши над Москва.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да се извиши над коријата - дури до сртовите пелистерски.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Јас ќе се извишам над тебе и ќе гледам! - рече првото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- И јас ќе се извишам над тебе, - рече второто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нешто што ќе се извиши над куќите, што ќе памине низ сите јалици, и што ќе заврти и околу селото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)