извикува (гл.) - парола (имн.)

Извикуваа пароли во кои славеа прогресот на народниот дух, ослободувањето од дотогашните лажни вредности, викаа: „Да живее народната уметност!“, ги застрашуваа сите оние за кои сметаа дека не се декларирани.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Напред се извикуваат пароли, се мешаат викотници и пискотници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исто така, на 27 март 1941 година и „Њујорк тајмс“ се осврнал на демонстрациите во Скопје, при што демонстрантите се собрале на „главниот плоштад и пред седиштето на Банската управа“ извикувале пароли со кои се барало Владата да поднесе оставка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кутриот тој, може да се приклучи на групата стечајци и пред Владата, да извикува пароли од типот „Дошја нож до коску!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И самиот факт што во извештаите на американските известувачи се зборува за можните судири меѓу "Македонците и Србите" укажува на присуството на две различни струи и на две различни концепции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вака прогнат на тврд камен во една пештера меѓу лисици и дождалци немам сили да се извинувам и да извикувам пароли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)