извести (гл.) - свој (прид.)

И покрај тоа што мисијата имала само воен карактер сепак не можел да остане рамнодушен спрема политичките барања на Македонците и да не го извести својот штаб.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На 23 февруари 1945 година мисијата Bethesda ќе ја извести својата централа Force 399 дека на 20 февруари во Белград заминале членовите на АСНОМ: Методиј Андонов-Ченто, Михаило Апостолски, Димитар Влахов, Павел Шатев и Борко Темелковски.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но пред Маерс да успее да го направи тоа, апаратот бил купен од страна на ЕЛАС на црниот пазар.84 Овој контакт сигурно дека допринел Еди Маерс да го извести својот штаб во Каиро за македонските партизани и нивната борба и да влијае во испраќањето на мисија во ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За тоа известува и шефот на британската воена мисија Brasenose Мекдоналд кој на 30 мај ќе го извести својот штаб: “информациите за мај покажуваат дека регрутирањето е многу големо.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За оваа директива бил известен и командирот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија кој требало да ги извести своите команданти“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За ова известува и Мекдоналд при крајот на јуни 1944 година.177 Мекдоналд ќе го извести својот штаб дека “во текот на јуни имало скоро секојдневни судири меѓу партизаните и Германците и албанските сили.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За овие борби на 2 август 1944 година Мекдоналд го известува својот штаб: “Први август.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ниту пак сакаше лично да ги извести своите родители.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дали во таков случај волјата на работодавачот ќе преовладее и истата би ги дерогирала закoнските норми донесени од страна на надлежните државни органи!?;22 ● поранешната обврска на работникот да го извести работодавачот за сите заканувачки опасности по животот или здравјето на другите пред нивното настанување, или по настанувањето на материјална штета, претрпe измена со тоа што сега работникот е должен веднаш да го извести својот претпоставен или друго овластено лице кај работодавачот, но сега само за веќе настаната материјална штета, што секако не е во полза на работникот, бидејќи тој согласно постоечките позитивно - правни норми од ЗРО, индиректно одговара за материјалната штета која би ја претрпеле трети лица, а за која работодавачот во иднина би можел да ги рефундира трошоците од работникот (чл. 13 од ЗИДЗРО/септ.10); г) одредени измени, повторно на штета на работникот, претрпе и чл. 35 кој ја регулира обврската на чување на деловна тајна.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но, на 29 септември 1944 година, мајорот Дикинсон, кој сè уште немал контакт со ГШ на НОВ и ПО на Македонија, добил информација преку Радио Анкара дека командантот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија, Михаило Апостолски, заедно со Светозар Вукмановиќ-Темпо, "се вратиле од Софија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оттаму и незадоволството на Дикинсон кога во октомври 1944 година ја известува својата централа дека ГШ на НОВ и ПО на Македонија, на чело со Апостолски, "заминале во непознат правец без да го известат", со што било оневозможено спуштањето воен материјал, поради неможноста да се лоцира неговото место.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со очите изразив вчудовидување, а тој продолжи: - Еден месец подоцна, на 4 август солунскиот весник “Елиникос Ворас“, со големи букви вака ги извести своите читатели: “Жителите на убавото костурско село Крија Нера17 кои досега покрај грчкиот зборуваа на еден туѓ дијалект, трогнати од одличната иницијатива на патриоски расположеното население на селото Каридја – Птолемаида, спонтано решија во присуство на месните власти да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и во иднина така тие, како и нивните синови, исклучително ќе зборуваат на грчки јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)