извести (гл.) - прв (прид.)

Во тој миг Цви Корец длабоко во срцето почувствува дека судбината негова, на семејството, советот, заедницата, на целиот овој град, сѐ посилно се заплеткува во големо клопче што се намотува, се пласти и стега околу сите нив заедно од некоја огромна сила спрема којашто секој отпор е слаб, оттука и излишен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како Шарло во црно-белите филмови, додека рамката на фотографијата се затвора во кружен црн ирис...  „Се вика Дитер Вислицени и има чин на капетан”, го известуваат првиот меѓу рабините и предводникот на солунската еврејска заедницата во неговата канцеларија, „и тука пристигна на 6. февруари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)