извести (гл.) - новинар (имн.)

Но по повторениот германски напад, известува новинарот, градот Дебар повторно паднал во рацете на Германците и балистите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„И пошироко, дедо, еве да ти раскажам: скоро читавме за старата скопкса чаршија па со Иван и Филип отидовме да видиме дали е навистина така како што известил новинарот - пусти мрачни улички преполнети со смет и градежен отпад од дуќаните што предолго се поправаат - навистина е така.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Особено големо влијание во пропагирањето на НОБ на народите на Југославија, а во тој контекст и во Македонија, имала радиостаницата „Слободна Југославија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)