изведе (гл.) - претходно (прил.)

Затоа што таквите ликови не остваруваат дејство, туку изведуваат претходно утврдена и напишана улога, тие ја немаат, и при сета своја виртуозност (и мускулатура, барем во случајот со танчерите) мажествената достоинственост на спортските ѕвезди или на политичарите од едниот или од другиот род, кои на почетокот од играта не знаат точно што ќе прават со телата и како ќе се однесуваат во текот на дејството што ќе уследи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, со оглед на стандардната опозиција во хетеронормативната култура меѓу улогите и суштините – која е изоморфна со другите слични опозиции меѓу извештаченоста и природноста, изгледањето и бидувањето, неавтентичноста и автентичноста, изведбата и идентитетот, женственоста и мажественоста – таа претставува значителен проблем за родовиот идентитет на пејачите, на танчерите и на глумците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа, значајно е, не подразбира родова неволја за дивите, за балерините и за глумиците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)