извади (гл.) - клуч (имн.)

Потоа бркна во своите муси шалварести бечви меѓу гајтаните каде што му беше џебот, ја напика надолу раката скоро до лактот и извади клуч.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И потем Филозофот го извади клучот, стар, голем и страшен во запците: како заби на некое сподобие што голта тајни и ги чува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стигнав до зградата од која години пред тоа заминав, се качив по скалите, го извадив клучот од торбата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бравата беше иста, завртев двапати. Ја отворив вратата и влегов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нѐ бакнаа, и нѐ потсетија да ја заклучиме вратата и да го извадиме клучот од бравата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)