избегнува (гл.) - средба (имн.)

Овие, луѓето, жителите на Потковицата, посебно женската челад и младината, не морајќи да излегуваат во полето, се испоскрија по домовите и на сите можни начини ги избегнуваа средбите со Турците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Случка од соседството – Со години, сè понемирна во себеси, таа почна да ги избегнува средбите.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)