избегнува (гл.) - секој (зам.)

не се тетерават, не се залетуваат нагло напред, ниту нагло застануваат; избегнуваат секое ризично одење прилагодувајќи му се на патот; не скокаат преку бразди и дупки, туку ги заобиколуваат; кога зборуваат - зборуваат, кратко, полека, одмерено, сакаат секој збор да им биде на место; задоволство е да ги слушаш: секој збор им е нагласен и се спојува во убав ритам, музика;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Иако ставовите во однос на македонското прашање зависеле, пред сѐ, од индивидуалната заинтересираност на службеникот на Министерството за надворешни работи, стандардната политика на Министерството била да се избегнува секое инволвирање во малцинските прашања, особено на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)