избегне (гл.) - токму (прил.)

Тогаш се развива анксиозност како резултат на сексуалниот однос, којашто индивидуата се обидува да ја избегне токму на тој начин што станува неспособна за оргазам, импотентна, фригидна или апстинент.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во неговиот став се препознава пред сѐ раниот дух на дадата (рецитирање на поезија во Кабаре Волтер), овде обновен во начинот на повоената тенденција за деперсонализирање на уметноста и проширување на медијот, но таквата употреба на јазикот не успева да го избегне токму она што се обидува да го спречи: субјективната манипулација, претворањето на еден инструмент или преносник каков што е јазикот во нов метафизички објект.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)