избега (гл.) - низ (предл.)

Винстон ја посматраше еден миг. Потоа со ненадеен брз скок го грабна парчето чоколада од раката на сестра си и избега низ вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас врли око на Кулиќевото дете — Толето, — го изговори името, му се искуба од рацете на Адема и избега низ врата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По гласот погодија кој е. Почнаа да се стрчнуваат кон него, да го удираат со веленца и со шубари, да го тркалаат. Од него летаа светулки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Волкот како да предосети некаква опасност, ја остави ранетата жртва и избега низ полето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Пелагија, таа, кутрата, ќе го земе под своја рака! и спуштајќи ја главата над бовчата што ѝ служи како перница сосема ќе се доразбуди оти врз нејзината глава ќе првне нивниот петел и со кокодакање и удирање на крилајата ќе избега низ широко отворената врата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И тој и тие што дојдоа и што доаѓаа до пеколот на ревење и на пламења, сите, ти велам, се слеаја во една сенка, сенката се распливна, избега низ ноќта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)