избега (гл.) - некој (зам.)

„Знаеш, пријателче“, велеше тој, „зарем немаш слушнато дека и доставките на душкалата не се вода во решето?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Измеривте криво, па дури криво погледнавте, нема да ви избега некое тукашно Отешево.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И притоа тие постојано ѝ се џареа в очи, случајно да не им избега некоја од желбите и намерите на таа наивност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Туку ќе ми избега некој збор од песната, ќе го речам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)