иде (гл.) - мисла (имн.)

Додека ги минував овие „бели населби“ веднаш ми идеа мислите на Македонија, која сигурно има поубави природни услови за развиток на туризмот, отколку Белгија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Покуса ми иде мислата, покуса ми е и реченицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Моше ја погледнува.  „Оваа дамка изгледа не се чисти“, горчливо се насмевнува.  Нина гледа во неа. Ѝ иде мисла.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Постојано ми иде мислата дека човекот смрди на земја, ќе смрди и во земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми идеа мислите, морав ова да го сторам... чекорот мора да продолжи...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)