зјае (гл.) - празен (прид.)

Длапките му зјаат празни. Зениците ги нема.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Игралиштата за баскет зјаеја празни, а во вечерните часови кучињата скитници беа главните актери на темните маалски улици.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Виктор не живее овде. Жал ми е само што толкав трособен стан зјае празен... - заклучи Снежана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наспроти беа пространите штали во кои некогаш фрчеле штаерски коњи. Овој пат зјаеја празни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Што се случува со тебе? Не забележуваш дека ти зјае празна не само од одајата на сеќавањето, туку и од онаа другана просторија, одајата на задолженијата?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)