зрачи (гл.) - од (предл.)

Со восхит Чекам светлината - гостин, Таа лика која свети, зрачи Од чии зраци сум значнат Да ме крене и устоличи.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Иако во една од минатите Маргини веќе објавивме дел од тоа необично радио-творештво, субверзивната „антилитерарност“ што зрачи од овие „компресирани небулози“ нѐ натера да им се навратиме пак.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Веселба и расположение владееја на трпезата, богатство од живот зрачеше од здравите и румени обравчиња на децата, и задоволство на секој што јадеше и пиеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа, додека девојката точеше пиво, со едната рака држејќи ја криглата, со другата рачката од чепот, со дојките предизвикувачки напнати, на неколку пати го крена погледот и загледувајќи му се право в очи на Еда, со искричав блесок што зрачеше од нејзините крупни сиви очи, милно му се насмевна...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лицата им зрачеа од надежта, таа и така е сечија поткрепа, и на силни, и на слаби, си рече попот Ставре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зрачи од дрвјата со сѐ уште неопаднатиот жолтолистец.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во текот на тој раговор Лит и Беренц по извесно време се фатија како со пиетет да разговараат за хиерархот од Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Хрисостом говореше беспрекорен германски јазик и со оглед на држењето, лежерноста и природниот авторитет што зрачеше од великодостојникот, тој факт им остави уште подлабок впечаток, клучен, како што ќе се покаже, за целото нивно присуство на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тага ѝ зрачи од очите, образите ѝ се покриени со болка. Жали. Некој од најблиските ѝ го нема.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа око е безизразно, од него никогаш не зрачи радост, како што зрачи од другото тага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Татко ми во мигот ништо не рече, но неговиот поглед што спокојно зрачеше од неговите сини очи и овој пат нѐ смируваше, макар што смртта веќе тропаше на вратите од куќите во Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа чувство ни го потсилуваше и светлината што не престануваше да зрачи од татковата жолта лампа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козарите умееја да ја толкуваат тишината што зрачеше од Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка, со својата питомина на срцето, со својата кроткост, со својата тивка моќ, со добрината која зрачеше од нејзините очи, умееше во себе да ги поврзе разликите од монотеистичките верувања, во некое свое заедничко верување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Внатрешната светлина, како светлина во длабочината на душата, како запалена свеќа која никогаш не догорува, како да си ја имаше прекриено, со тивката тага која прикриено зрачеше од нејзините очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)