зрачи (гл.) - топлина (имн.)

Го одрами веленцето. Со плеќите се потпре на каменот од кој се уште зрачи топлина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа ладна белина зрачи топлина во моите задишени плешки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Која ли од овие куќи е куќата во која ме прифатија непознати луѓе од кои секогаш зрачеше топлина, блага насмевка и многу добрина?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред огнот, кој во оваа свежа летна ноќ зрачеше топлина, наредени околу софрата, не да го вечераа туку го кркаа, се натпреваруваа, го гребеа качамакот и планинците и луѓето од градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)