значи (гл.) - многу (прил.)

Но имаше и вистински ветерани на професијата, кои сакаа да служат до последните денови на животот, барем посредно во подготвувањето на нивните наследници во земјите во кои некогаш тие значеле многу повеќе отколку вратени во земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие шест месеци му значеа многу. Запозна многу постари мажи од себе - неписмени и учени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Обичното парење не значеше многу, сѐ додека беше тајно и лишено од радост и сѐ додека во него беа замешани само жени од пониската, презрена класа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нешта кои, додека ги имав или беа покрај мене, не ми значеа многу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од гледна точка на ниската група, ниту една историска промена никогаш не значела многу повеќе отколку промена на името на нејзините господари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За него, за Змејка, тоа значеше многу, за оној напред тоа не претставувало конзнае што.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)