значи (гл.) - за (предл.)

Татко ми не беше премногу воодушевен од своето дело, се прекоруваше оти не употребил некоја од техниките за кои беше читал во еротските магазини што му ги носеше вујко му од Австралија, но знаеше и што значи за родителите машко дете - само проблеми и грижи, а богами, го имаше за пример шурата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Јас веќе си замислувам што ќе значи за историската наука мојот прилог на оваа тема кога ќе го објавам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не му беше сосем по волја на Бојан ова рано излегување, му се спиеше, но не можеше да му противречи на чесниот старец, а и знаеше што значи за целото негово семејство загубата на едно теле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зошто не можеме разбирливо и систематски да опишеме што е тоа што тој предмет значи за нас, сосе точните влогови во нашата реакција на него?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да се втемели една филозофија значеше за мене едно ново раздобје во кое немаше да влезам да не беше Феликс.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)