знае (гл.) - вистински (прид.)

При навраќањето кон интимниот размер на нивните рани дела, како на пример колажните разгледници, или реизведбата на Underneath the Arches, потполно субверзивните, недефинирливи и навистина забавни димензии на нивната естетика надоаѓаат со носталгично задоволство.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Моето вистинско откритие е фактот дека во оваа цивилизација луѓето едноставно не го знаат вистинското значење на зборот "нема".
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но не е толку далеку денот кога ќе можеме тебе, тебе или тебе да ви ги замениме главите и во една сајберобработка да те подмладиме на тој начин како стогодишник да можеш да усреќиш една млада кравичка, или своето парење во виртуелниот свет да го претвориш во стварност; тоа сè уште не значи дека сме го грабнале Бога и дека стварно ги знаеме вистинските волови. 8 okno.mk Но што?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лена не само што не го знаеше вистинскиот мотив на Борко, туку и за самата одлука да се изгради браната дозна од телевизијата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Само ибн Бајко ја знаеше вистинската причина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Баждар (не му го знаевме вистинското име) се исправи пред мене пречејќи ми да влезам во широчината со три накривени багреми, бедни во зеленилото и полни со мравки по испуканата и брчкава кора, со јама за ѓубре, со излупена каросерија на стар форд.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Навистина се ретки оние уметници коишто инстинктивно ја знаат вистинската мерка на својата работа и се држат до неа, дури и за време на најбурната слава и популарност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Човек што поминал еден таков мачен, понижувачки пат мора да ја знае вистинската цена на тоа бедно малечко мускулче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)