знае (гл.) - приказна (имн.)

дечињата си беа дечиња ама веќе ја знаеја приказната за садако сасаки нивна врсничка од оние времиња што се паметат по хирошима она девојче садако сасаки кое решило да свитка илјада книжни жерави надевајќи се дека нејзе ќе и донесат здравје а на светот мир она девојче садако сасаки коешто смртта го запре на бројот 664 та жеравите останаа недосвиткани како кошулата на ленка во песната на македонскиот поет кочо рацин.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кракатау: И јас знам приказна за Сурушлијата, за неговиот “опанак”, широко свртен нагоре, за беспрекорно балансирање кога се врши нужда на отворено поле...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
ја знаеш приказната за штркот и штрчицата, ме прашува, кажи ја, му велам, некој ѝ ги заменил јајцата на штрчицата што ги лежела, вели, а кога јајцата се испилиле, вели, штркот видел дека испилците не се негови и почнал да ја врти главата над гнездото, над голиштарците, и само штракал со клунот, замавнувал како човек што се крсти, вели, штракал и се гледал во испилците и во штрчицата, вели, а потоа викнал и други штркови да го видат срамот, вели, и тие ја истерале штрчицата настрана и долго штракале, се договарале за потаму, вели, и после ја викнале штрчицата назад и почнале да ја тепаат со клуновите по глава, вели, так, так, так, а таа само стои, а потоа ги отепале и голиштарците нејзини, вели, ги кренале високо и ги отпуштиле озгора;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)