знае (гл.) - пат (имн.)

Најди му алишча, човек и едно магаре со штици.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но ќе ми треба човек што го знае патот, да не одам без пат, оти поризично ќе биде. — Тамо — тамо! Кога ти зела главата ветер!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе го водам својот народ за рака додека е сигурен дека го знае патот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури иако самиот странец не го знае патот, толку е убаво со некого да се подели проблемот, да се има некој што разбира колку бедно се чувствувате.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Птицата коби врз својот пород човекот не си го знае патот додека тагата и дождот влегуваат во пејзажот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
— Го знаат патот, вели Лазор Рогожаров.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мама кога ќе ја најде пештерата - бигорна празна, го знае патот до селото, до нашата дома.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ама тој, бабо мила, О г н е не го знае патот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Не си го знаел патот наудолу - накај нашето село...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Да не даде гаспод да се изгубите по бели друмови. Светот е за оние што го знаат патот. За друтите е затвор. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога сè ќе замолчи, нема зборови за разговори долги, а само очите говорат, очекувајќи секојдневно исти денови, времето тече бесповратно, а грижа воопшто немате што си оди, ниту пак знаете патот кај ве води, апослутно на ништо не се надевате, не сакате, ниту мразите, рамнодушно по земјата газите, ни мртов ни жив, е тоа е клето, нема ден бел, само црн, ниту сив, тогаш сфаќате дека, не сте сфаќале ништо.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога јагулите го знаат патот, зошто луѓето го заборавиле?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Чичко Никола, татко му на Мане, ми рече: Јас го знам патот преку планина, така побргу ќе стигнеме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И така тргнавме пеш за Прилеп.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Но јас ќе бидам кочијашот, затоа што ти не го знаеш патот“, велам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега го знам патот, знам од кај идев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А покрај тоа, немам преголеми илузии и не би се осмелил да тврдам дека го знам патот што води кон тој толку посакуван (?), а воедно и тешко досеглив идеал, некој вид одговорно уживање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе биде потребно уште многу разјаснување и заплеткување, објаснување и мистифицирање, за да дојдеме до поцврсти и можеби дури поупотребливи заклучоци за популарнара култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќепати слушаме дека кај популарната култура се работи за нешто површно (или “бездлабочинско”, ако го употребиме изразот на Frederic Jameson), но тоа сѐ уште не ги оправдува површните оцени, претходните квалификации и лесниот пристап.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)