земе (гл.) - решение (имн.)

Идниот ден Толе наврати во селцето Лопатица и вечерта ги собра селаните да им понаговори да се вооружуваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преку своите луѓе Организацијата разбра за Толевата работа и зеде решение да го прибере овој самоволен работник и да го исползува неговиот авторитет, бидејќи и времето веќе назреваше за масовна работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа нешто, ете, и ние, штабот го прифативме и решивме да ги ослободиме од секаква обврска таквите наши луѓе, да си одат по дома и да си ја гледаат работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
— Туку сега да ви одговориме ние, штабот, на вашето прашање: Штабот, гледајќи ја безизлезната положба зеде решение четите да се расформираат, луѓето да се приберат, оружјето да се запази по складови, бидејќи само така конзулите обеќаваат амнестија за сите оние што немаат крвави престапленија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)