земе (гл.) - рака (имн.)

Се гледавме уште извесно време во молк и, додека траеше таа неизвесност, нежно ми ја зеде раката во својата дланка и си ја стави на коленото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Клекнал наземи дојденецот, му ги зел рацете на нашиот другар и му ги целивал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој ѝ ја зеде раката и го смести својот образ на неа, и вистинска солза протече по неговата слепоочница и му капна на дланката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Успеа да си го совлада нагонот да ја земе раката на Даниел во своите раце и да ги вклопи своите прсти во неговите, како што правеа во кината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Очите на Кети се замаглија. Таа се наведна и ја зеде раката на Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој ја зеде раката на својата невеста во своите раце и ја стисна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Чана знае дека Пелагија се печи на оган, туку го бара нејзиниот поглед со знак за заминување, а тоа и се случува, станува од столицата, му се приближува на Димостена, му ја зема раката како за поздрав и туку брзо и силно ги вкопува своите усни на неа пропелтечувајќи неколку зборови Прости ми Димостене за сѐ што претрпе, за страдањата заради мене, прости ми барем ти ако не може тоа да го направи Света Богородица и дедо Господ, ама на твоите страдања немав храброст да ти натоварам уште и неизбришлив срам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но, почувствува дека тоа не е доволно и отиде до неа, ѝ се приближи, ѝ ја зеде раката со двете раце и нежно ѝ ја бакна велејќи ѝ: „Благодарам!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Ти треба ли нешто?“ „Не. А тебе?“ „Не грижи се. Сѐ ќе биде добро.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми ја зеде раката па си ја стави на градите, над срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А можеби и вие, Василка, грешите во вашите заклучоци“, вели тој и ми ја зема раката да ми ја бакне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му ги зеде рацете и му ги прекрсти на мевот, но смучна со носот налутено кога забележа дека палецот на едната рака му стои пикнат меѓу кажипрстот и средниот прст, како да ѝ покажува шипинки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)