земе (гл.) - молив (имн.)

Па сега, земи молив и сметај!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го извади од чантата својот бележник, отвори бела страница, го зеде моливот и му рече на Еда: „Кажувај ми ја вашата азбука!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Математиката си е тоа. Со Мирјана зедовме молив и пресметавме што може да се стори со една плата. Токму за живеачка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Кога значи во иднина ќе наидете на некоја песна“, препорачува Готфрид Бен, „тогаш ве молам земете молив како да решавате крстозбор...“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)