земе (гл.) - книга (имн.)

Војничката труба затруби збор: - Тита-тита-татии! Јункерите се построија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Служителот извади една книга од појасот. Даме ја зеде книгата и му рече на служителот: - Поседи тука на балконот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Служителот ја зеде книгата, се поздрави и тргна...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Иако беше дење, Даме ја запали ламбата и првиот лист го принесе до ламбата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Благодарам... не бери гајле! - одговори другарот, ги зеде книгите и се повлече внатре.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Даме ја почеша долгата црна брада и им одговори: - Простете, ама не барајте си ја бељата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сосем механички, отворајќи ги мигновено очите, тој посегна да ја земе книгата, но тогаш последува вториот удар, а и коњот го бувна и тој се испружи целиот, удирајќи со лицето в цименто.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И потем стана, побара дозвола да замине, ја зеде книгата со словото сочинето со новите букви на писмородецот Стефан, се поклони пред логотетот, се прекрсти пред нас и излезе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си ја зеде книгата и повторно почна да чита.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како крадец влегов во спалната и отворајќи го шкафот ја зедов книгата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа се смири, ја зеде книгата оставена на креветот, и ја врати под перницата. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Собата на брат ми остана празна по неговото заминување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја зеде книгата што беше оставена на масата и уште еднаш го прочита напишаното на листот до неа, што тој го толкуваше како натурена порака со одредена цел која може да ја смисли само, како што во еден момент гласно изговори: “будалеста жена”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Седна на креветот, ја зеде книгата и започна нервозно да ги префрла страниците нанапред, па наназад и пак нанапред.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги зеде книгите, внимателно ги прочита насловите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ја зеде книгата и побара веднаш да плати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, со солзи на очите, ги зеде книгите, ги стави во куферчето и го прегрна букинистот Диран.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На друг час, во текот на предавањето, стана од клупата, си ги зеде книгите и тргна да излегува надвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кадијата се врати на своето место, зеде книга и орлово перо и почна да пишува:   До пресветлиот господар калиф, падишах султан Сулејман, законодавец – Истанбул.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но за прв пат беше зел книга од Мајкиниот дел на библиотеката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Благодарам! - одговори Трајче и си ја зеде книгата под мишка.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не е тоа кражба, штом ги зема книгите за читање...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А кога и него го изгрицка и го стопи в уста,ја оближна дланката и усните и ја зеде книгата со двете раце да ја чита.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И человеко зема книгата и отиде да се каже на парицата.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Си ги зедов книгите и излегов во паркчето пред библиотеката, покрај Вардар.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, штета, во приколката кај нив нема место за мене и ако ми успее комбинацијата со Снеже и со Мацка, да земеме друга приколка во исто време, ќе истераме супер летување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Играме по цел ден карти со нив двајцата и немаа совети од типот: „ајде земи книга, читај”, или – „не туку се дебилосувај, фати се за некоја работа”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)