зема (гл.) - друг (прид.)

Таа зема друго јаболко. Го загризува со уживање: - Зборувај ми за себе.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И двајцата час го земаа адвокатот Фонче да ги брани, час го оставаа и земаа други адвокати.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Прелистува една книга, зема друга, трета. Крева глава.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)