згусне (гл.) - во (предл.)

Потем, притаен како вепар во мракот, чекаше да се згусне во него малтерот на отпорот, да ја соѕида арматурата на неговиот костур во тврд непробоен оклоп.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но тие, жените, кучињата, што лајно беа, како да ѝ поверуваа, сенките се згуснаа во облак кацнат на земја, облак што потоа почна да се развласува и да се растргнува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со посебноста на виртуелното се занимаваше во својата расправа Игри на реалното и виртуелното и уметникот и теоретичарот на компјутерската графика Ed­ mond Couchot: „Светот на нумеричката симулација не е ниту вистински ниту имагинарен, туку создава некоја друга категорија: егзистира виртуелно, без да егзистира вистински, бидејќи се згуснува во можното.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Одеше по нив до центарот на градот и кога ги виде како се згуснуваат во ќош на голема кафеана, строго фатена во линии, застана под сенка на висок леандар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Златните дамки во нејзините светкави очи страсно потемнеа, се згуснаа во грозд на чедноста и не беа грев; беа зрна на опиеност, семе на непознат плод.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тајната за тоа лежеше во дното на неговата душа и тој се движеше како во некој самрак, што некогаш се закануваше да се згусне во темница, нешто што никогаш не се случи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)