зборува (гл.) - отворено (прил.)

Наместо Тина која сѐ помалку зборуваше отворено со својата ќерка откако оваа најави дека можеби ќе го заборави Доне, се јавуваше некоја друга жена од бегалците кои се одмораа вдолж долгата барака од црвена тула, и тоа прилично гласно да можат да ја чујат и оние на најдолниот крај Арно прави мори Чано шо оди на црква, не чини ниа шо сме скарани су Господ!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јас ја знам целата ваша историја и сега ќе зборуваме отворено.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вината, брату, си зборував отворено пред себе си, застанат зад купчето земја, е што не си проценил како што треба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)