зборува (гл.) - многу (прил.)

Ретката бела коса и големите зулуфи го правеа да личи на романтичен поет, а зборуваше многу тивко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Вистина, ете; кој зборува многу и ќе греши! И јас така!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тој никаквец не зборува многу, чинело пари.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бај Шишко е тврд на ушите, поради тоа кога зборува многу гласно ги кажува сите зборови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не зборуваа многу ни во другата просторија во која ги подигна оружјето и униформата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Луѓето во Одделот за документација не зборуваа многу за својата работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)