зборува (гл.) - вистина (имн.)

Кога ги зел тој кај себе, за уште еднаш да ги провери дали ја зборуваат вистината, извадил една тетратка од сто листа и од неа им ги читал имињата на главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Судот може да одлучи сведокот да положи заклетва на исказот што го дал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако за настанувањето на штетата делумно придонело трето лице, тоа му одговара на оштетениот солидарно со имателот на предметот, а е должно да го поднесува надоместот сразмерно со тежината на својата вина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лицето со кое имателот се послужил при употребата на предметот не се смета како трето лице (чл. 163, ЗОО). 4.  Сведокот претходно ќе се опомене дека е должен да ја зборува вистината и дека не смее ништо да премолчи, а потоа ќе се пре- дупреди за последиците од давање на лажен исказ [како посебно 203 „кривично дело против правосудството“] (чл. 228, ст.2 д ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Заклетвата се полага усно со изговарање на овие зборови: „Се заколнувам во честа дека за сето што ме прашуваше судот ја зборував вистината и дека ништо што знаев за оваа работа не премолчив“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, како и да е, никако не му верувајте на уметникот, дури и кога ја зборува вистината, бидејќи од сите лажговци тој е најголемиот, а за тоа тврдење има барем три несобориви докази од кои најнесоборив е оној што нѐ упатува на недокажливоста на веродостојноста на уметничкото дело.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Туку што стана, тој пак се врати, го отвори блокот и на внатрешната страница од картонскиот капак запиша: Сѐ во врска со приказната треба да биде така „документирано“ што авторот мора на читателот да му наметне верување дека тој ја зборува вистината и само вистината; но истовремено да биде несомнено и тоа дека сѐ што е раскажано е исто толку и повеќе од толку целосно измислено така што секоја сличност и помисла на стварноста да биде случајна; тоа го наметнува творечаката лага на којашто ќе биде подложен читателот привилегиран со вистината што следува!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Молчев и ја гледав право в очи, како да сакам да се уверам дека не се шегува со мене, иако добро знаев дека ја зборува вистината, оти тоа ќе беше недозволено ужасна шега ако ме лажеше и таа никогаш не би ми го сторила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бато – продолжив да испитувам, - а, ако твоите луѓе се послаби од оние во паркот? Ако се случи некое убиство!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти мислиш дека претерува, а тој ја зборувал вистината. И обратно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По некое време успеав да ѝ речам: - Немој да се изненадуваш што не покажувам знаци на радост, едноставно не можам сè уште да се радувам – а таа не престануваше да ме гушка и да ме бакнува и да повторува: - Знам, знам, мило мое, најмило мое, знам како ти е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Слушај го твојот внатрешен глас, тој секогаш ја зборува вистината.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Има многу малку од нашата раса кои почесто ја зборуваат вистината.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Како си смеела и да помислиш дека сум те избегнувал – ѝ велев можеби и со израз на неверување иако ја зборував вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- И додека ја чувствував онака висината на мојот врат јас во себе се прашував Зар можело да се случи тетка Боса да се посомнева или да сфати дека во мене сѐ повеќе се намалува вербата во вистинитоста на она што се случуваше?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако веќе ја зборуваме вистината, каков лукав и препреден беше тој, какво вретено беше другарот Анески, тогаш ќе треба да му симнеме капа, да му се поклониме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми рече дека кога би ја зборувал вистината, неговата публика би се намалила на шестмина луѓе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Што, секако, значи дека сите ја зборуваат вистината.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Старецот ја зборуваше вистината: сеел цело време, а очите не ги отвори да ја види вреќата!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кралството живна. Луѓето толку се заморија од лагата, што само штом им дозволија, сите започнаа во ист глас да ја зборуваат вистината. Започнаа, а не можат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така одлучија министрите и ја објавија својата одлука пред народот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)