зближи (гл.) - со (предл.)

Тука — во Полчишта — Толе се зближи со Трајка Брлета и со една — две лири пари си направи конак за да не паѓа в очи на власта кога ќе се враќа кај Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа ќе се школува кај скадарски­те језуити каде што ќе се зближи со западните јазици и култура.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Враќањето во споменот кога малку повеќе се зближи со Бојана, го прекина Димитар со некој бајат виц и вештачкото смеење на Александра и Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Одејќи кај нив, Профим се зближил со ќерката, и таа останала трудна.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не, тие никогаш не биле среќни во Солун. Ни таа, ниту пак тој. Иако тој тоа никогаш не го признаваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа не сакаше да се залажува: тие никогаш не го прифатија својот ашкенаски рабин, а ниту Цви некогаш се потруди подлабоко да се зближи со духот на своето стадо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За­тоа можеби и толку многу се зближи со татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зар има поголема придобивка за сите нас, за сите жители на нивните земји, овие Балканки, чии родители, предци, меѓусебно со векови се уништувале, денес да се зближат со заедничката песна на надежта дека ќе ја совладаат омразата на предците?“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Макар што тие живееја преку две улици, Мајка се зближи со нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се зближи со нашите. И се ожени со Албанка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неколку недели нема борба, нема ништо. Се прегрупираат војските, чекаме помош, муниција. Од Французите, Тогаш и се зближивме со Витомира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)