заѕвони (гл.) - на (предл.)

Само што се расположивме, некој заѕвони на врата. Излагам да отворам и оп изненаџење.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Рада заѕвоне на вратата на која на месингана плочка стоеше името на семејството Крстиќ. Љубезната домаќинка ја отвори вратата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Малку, малку, ќе заѕвони на телефон. Тој човек е само за незгоди.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кулминација на реметењето на домашниот мир настанува кога комшијата што живее преку две улици, ќе ти заѕвони на врата за да те праша дали имаш нешто против што у субота ќе прави мало журченце.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Заѕвони на вратата од нивната куќа. Отвори помалата сестра.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Следниот ден некој му заѕвони на вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прво решив да одам кај Мони. Заѕвонев на вратата, но никој не ми отвораше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мони уште не беше доволно висока за да може да погледне низ дупчето од вратата, па затоа имаше синџирче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаше дваесет и три години и беше убава како што некогаш беше Роза, најубавата од нас петте сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во утрата, додека уште можеше да се излегува надвор, се прошетував до зградата во која беа становите на Зигмунд и Роза, понекогаш ќе заѕвонев на вратата од домот на сестра ми, за да ја разбудам внука ми Цецилија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)