заѕвони (гл.) - ѕвонче (имн.)

Заѕвони ѕвончето. Сѐ уште пишував, па ме прекина неговиот звук.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во пет часот, едно посебно попладне, заѕвони ѕвончето на мојата врата, влезе Де и седна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Седејќи Јонче во своето собче со шкорче го палеше новото џојнтче на врата трипати заѕвони ѕвонче кога ќе види џандарот Томче
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Додека така со мислите беше во светот на кучињата, заѕвони ѕвончето на влезната врата, сега вистински.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)