зафати (гл.) - и (сврз.)

Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Малендавиот пламен ги зафати и потфати, ги подбра, ги оближа, се разниша над нив, посина и кога се чинеше дека ќе згасне, наеднаш се исправи и ја осветли земјанката. Никој не се помрдна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Богомилството уште во текот на X век ги зафатило и другите македонски области.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И во главата си пробива место, ги зафаќа и ги потиснува сите мисли, нездравата смисла за долг и чест, некое тешко бладање, кое ја мати здравата свест за реалното и можното.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бацилите на злото ги зафатиле и самите негови жртви.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„'Двојната Лота', наставничке!“ извикав. Сите девојчиња фатија да се смеат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пукна вистинска експлозија, што ги зафати и машките.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Елена, зад мене, шепна и јас ја прифатив нејзината помош.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одненадеж зафати и зараза во селото. - Е, уште тоа ни требаше... - рекоа луѓето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)