зафати (гл.) - широк (прид.)

Како што може да се види од краткиот опис на секоја глава, Бранислав Саркањац во својата книга зафаќа широка лепеза на проблеми поврзани со меѓусебниот однос на идеологијата и поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако теоријата дала многу математички средства кои се полезни за изучување на сложеноста таа, сепак, не ја зафаќа широката област на динамиката што може да се види кај сложените системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како што смета авторот, ако на почетокот од последниве два века (за кои слободно може да се каже дека се во знакот на борбата помеѓу идеологијата и поединецот) бил посилен аспектот идеологијата против поединецот , со постепеното ослабување на врската на поединецот со општеството доаѓа до сѐ поголемо засилување на аспектот поединецот против идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)