затрча (гл.) - кон (предл.)

Ја грабнав ќесата и се затрчав кон влезот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од страв дека во својата жед по знаење, како изгубен патник во пустина, се затрчал кон некоја фатаморгана за да се напие од изворот што, всушност, не постоел.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Израдувана што мајка ѝ конечно се вратила дома, таа се затрча кон спалната, но гледајќи го окостеното малечко тело под чаршафот, застана како скаменета.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Да гасиме! - свика Санде и се затрча кон дома.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Потоа се затрча кон колибата, свиркајќи им на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се затрча кон нив викајќи: - Караман! Стрела!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги рашири рацете правејќи си крила од парталавиот мантил, се затрча кон работ на зградата и скокна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Еразмо избезумен се затрча кон змијата, но одненадеж се најде обвиен од нејзиното тело.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)