застане (гл.) - простум (прил.)

Старците застанаа простум. Со распреперени коленици тргнаа накај четата царски војници.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Потоа застануваат простум да го сослушаат Евангелието.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Отпрвин застанав простум и преку провалијата, можев да го видам Долнец, или местото на коешто била некогаш населбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Застанати простум пред иконата му се помолиле на Господа и Богородица, па излегле во дворот со јајце вапсано и со светена водица да го поминат имотот и имањето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Секогаш кога ќе запееше преку радиото дотичниот пејач, татко застануваше на среде собата, бараше јас да сум покрај него застанат простум. Слушавме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)