заспие (гл.) - во (предл.)

Како што еден облак заспива во другиот така јас во тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Винстон, сѐ уште со актовката со книгата, што му стоеше меѓу нозете додека работеше и под главата додека спиеше, замина дома, се избричи и речиси заспа во кадата, иако водата во неа беше одвај млака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше една од оние што можат да заспијат во секое време и во секаква положба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сјајот на месечината ќе ме заспива во нов сон во летните ноќи, а јас со нов лик подалеку од очите на осаменоста зошто повеќе не сум нејзина сенка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, здивот на непознатото бара нова изгубена душа, сребрената месечина чека нов осамен патник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знаев дека никогаш повеќе нема да го видиме во цела должина и затоа тој беше како и нашите животи - би поминал еднаш покрај нас и никогаш повеќе не би го виделе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најчудно беше тоа што и мене ова ми беше првпат да го гледам тој филм - штом го измонтиравме го донесовме во кино.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои луѓе останаа во текот на целиот филм, некои станаа и си отидоа, некои заспаа во своите седишта, некои заспаа во предворјето, а некои беа како мене - не можеа да го тргнат погледот од платното ниту за момент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Исус Христос си заспа во копа сено. Сите се црвени и здрави А Исус е бледо и слабо детенце.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе ги нас`скаше едни спроти други, а таа ќе се измиголеше и ќе се вртеше во дворот, ќе легнеше во собата од куќата на стопанот и до стариот кревет, ќе заспиеше во длабок сон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така сум заспала во некакво бунило.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Неговото патување било многу мачно, никако не успеал да заспие во авионот, оптоварен од црни мисли.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И тоа ми беше доволно, за да заспијам во нејзиниот скут.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја гледам здробена последната слика, насмевката последна на неговата ќерка што се пресели и заспа во Господа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но секоја нишка што ќе ја одбереш, води кон средето, кон смртта на оној кој чита, што значи беспотребно е да се плашиш дека не одиш по вистинскиот пат во клопчето на словото, оти блаженството на смртта при читањето настапува кога ќе ја затвориш корицата од книгата што ја читаш, оти тука, во таа точка, во средето, очи во очи со пајакот вжарен, со источникот на словото завршуваш и ти, и слободен си, како никогаш, како да си мртов, како да си заспал во Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дојде момент за мојата омилена тема - мачката, и штом се реализира сѐ така по ред и малото тробојно топче ми заспа во рацете, кивнувајќи неколку пати и притоа испуштајќи по некое кломбурче млекце низ носето од првиот оброк со локање, јас се вдадов нашироко да распредувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По уморните клепки на бегалците им се лепеше сон и само со краен напор се совладуваа да не заспијат во длабок сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мислам дека заспав во истиот момент кога мајка ми излезе од мојата соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, колку и долго, не само што беа заедно туку и спиеја еден покрај друг, не се случило да заспијат во ист момент - така било само кога биле деца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Креветот, душекот, покривачот, перницата, па дури и пижамите, беа бетонски, така што беше невозможно да се заспие во нив.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Широк замав Ја отвора утробата на денот Од темниот облак скакулци само еден слетува Да избере могила за мртвите крила И заспива во песокта на заборавот Со смеа што прска црвено Маестрото слегува од сликата Со мечот на Хамлет во раката А никогаш не слушнал за боите на смртта. 6. 10. 2000 г.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа ноќ Карамба-Барамба заспал во својата колиба со широка насмевка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Мајмуните на високите дрвја исплашено и пискливо закрескале.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)