засолне (гл.) - некаде (прил.)

Велеа: „Таа“, веднаш после тоа, кога главниот инженер отишол дома, а оној, Ристан, не можел да биде скриен, како што ги криела до тогаш сите други, бил огромен за да може да биде засолнет некаде, стоел среде собата, а таа висела, како играчка на неговиот врат, здрвен и со отпуштени раце, целиот грч, пред да се впушти во она, каде што го повикувал допирот од нејзините колкови: „Дојди колкав си, одлупи ме, сева, стори ме црвена, усвити ме, како да сум била в постела со сонцето, дојди...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бидејќи Градешница не даде отпор, а требаше и орадијата од кадијата да се засолни некаде, тој го ограби селото, но не запали ниедна друга куќа, освен на водачите Петре, Митре и Ристе Најде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И ти ќе мораш да се засолниш некаде со тоа мое зрно во тебе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сфаќате дека мора да се засолнете некаде од објективот кој ве демне со скриен подбив и притаена злоба.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)