заскита (гл.) - некаде (прил.)

По напорниот врел ден, по почивката и вкусната вечера, децата заскитаа некаде по ливадите удолу, да ги гонат неброените светулки, што со своето светни- згасни ја разубавуваа вечерта и предизвикуваа илјадници најневозможни желби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Почнувам да растам, запишувам. Се вртам, Адријан е на колена со затворени очи, испружени раце, ја клати главата како куче, гледајќи во сонцето како да ќе му даде голем подарок.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А мојот поглед кога заскита некаде, отаде неа, ме прашува: А кај си се загледал?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мрмори нешто за флуидни нозе и заскитува некаде накај езерото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Обременети се со своите мисли и заскитани некаде далеку...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)