заприлега (гл.) - на (предл.)

Советот на пријателот гласи: бегај од луѓе додека не си заприлегал на нив и додека не те окупирале.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му заприлегаа на браќа и тој се расчувствува, не знаејќи ни сам од што, од нивната сонлива молчеливост или од студениот изгрев, чие раѓање дури и птиците заборавија да го поздрават.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Луѓето заслушнати, заприлегаа на згуснати сенки. Нивните лица беа свртени кон очите на момчето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еден дел од неговото лице ми заприлега на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повисокиот тревар му рекол дека ќе му се покори, бездруго ќе му се покори на ножот; лицето уште повеќе му заприлегало на мудар лисец што се готви да се исклешти за своја сметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе се бранам со секира. Зошто ви се вам нови мртовци со дупка на челото?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И совладувајќи го липањето шепоти, божем е над детска лулка, како Борис ѝ заприлегал на нејзиниот Кара-Димитрија, кој од турските чалми врвки за опинци правел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му заприлегаа на браќа и тој се расчувствува, не знаејќи ни сам од што, од нивната сонлива молчаливост или од студениот изгрев, чие раѓање дури и птиците заборавија да го поздрават.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто, можеби Зоки Поки ќе ви заприлега на некого од вас, па дури можеби... и на вас самите?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа почна играта. Ја стави црешата до уста, ја свитка нејзината долга рачка, и – о, чудо! – таа му заприлега на мала стомна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Селото заприлега на зовриен казан: од сите страни одекнаа истрели.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)