запомни (гл.) - го (зам.)

Но ќе продолжиме да копаме онака како што сме планирале, а догодина, помни ми го зборот, ти и твоја Елена ќе бидете тие што ќе настојувате да дојдеме. Тоа запомни го...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Запомнете го тој збор ако не сакате на секој чекор да ве клоцаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Вети ми дека таму, во тој логор, ќе го побараш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Запомни го неговото име, те молам. Павел Попер.” „Павел Попер,“ повторив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш ќе ти ја скршам главата со кадилница во самоодбрана, запомни го тоа.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ама, запомни го и овој мој совет: кога ќе сакаш врз некого да се потпреш и да го употребиш, немој да го земаш на ум само она што го знаеш за него од порано: човекот може се изменил: зашто телото на синот човечки се менува постојано, небаре од една состојба во друга.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)