запишува (гл.) - главен (прид.)

LVII Татко и Климент Камилски по херојското соочување со сите речници во потрагата по ориентализмите во балканските јазици по којзнае којпат се соочуваа со невозможната мисија да допрат до сите заемки и конечно да ја состават наумената листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски продолжуваше да бележи во еден голем жолт нотес, донесен од последното патување од Париз, купен во големата книжарница во Латинскиот кварт пред мостот Сена, во којшто, како што му се довери на Татко ги запишуваше главните идеи, односно les ides generales коишто му недостигале хронично на Балканот, а тие обајцата биле на пат да ги најдат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)