запира (гл.) - во (предл.)

Сликал кози, крави и многу други животни, но се разбира и луѓе, кои ослободени од тежината на земјата полетуваат, запираат во облаци помеѓу земјата и небото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А.А. малку запира во кажувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во тие моменти најчесто мислата ја минуваше границата и запираше во светот на татковите и моите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А академикот Антоан Жералд, познат лингвист и книжевен критичар, за романот Атеистички музеј, меѓу другото, ќе забележи: Авторот н води во разни предели на Албанија, запира во своето родно место, кое го напуштил пред 36 години, останато под сталинизмот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во екот на војната, таткото во проучувањето на јагулите во Струга го наоѓа оправдувањето на своите мечти за емиграција, но од Балканот на XX век, трансформиран во лавиринт од конфликтите и појавата на непреминливи граници, веќе не се емигрира, човек се врти во круг, се загубува, и семејството ветено за Америка, запира во Скопје, главен град на Македонија, на брегот на една река, Вардар.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)