замре (гл.) - во (предл.)

Ги следеше, сѐ додека со до крајни граници изострениот слух можеше да ги слуша нивните крикови што замреа во темната ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Киро ја пикна главата во ќошот на бункерот и замре во неподвижност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не ќе се слуша повеќе звукот на воденичното тркало ќе замре во млинот со ново руво.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тогаш сè замре во ладна сива статика и бескрајна песна на вештачкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)