замоли (гл.) - за (предл.)

Заразена од нивниот мир, Марија се стутка на седиштето и му се препушти на дождот кој тропкаше по стаклата од прозорците.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И сакаше да го замоли за прошка, да му каже нешто убаво, утешно, да му ја зблажи болката: Не жали, вујко Аргире, ваков си го видел, толку многу куќи си соѕидал!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сосетката на седиштето ѝ даде запалка и ја замоли за една од малкуте цигари кои ѝ беа останале суви.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Туку Никодине, никогаш во животот не сум те замолила за ништо. Понизно сум ти клечела и слугувала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)