замени (гл.) - мајка (имн.)

Кутрата Марина! Како ли ќе навикне на оваа туѓа жена, која треба да ја замени мајка ѝ... и тоа толку брзо, на маќеа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Што се однесува до девојчето, тоа ако е тактично постепено ќе почне да ја заменува мајка му, а може со време да го земе и местото на сестрата што ја немаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)